Raskrinkavanje.ba

Infomax (.mk) → Eкc шeф на нajмоќната paзузнавачка cлyжба во светот: Гpaниците на Балканот ќe ce менyвaaт, бypeто на paбот на ekcплозија

27.02.2021
Tekst članka

Американскиот експерт и поранешниот заменик шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Мејер рече дека е време Република Српска да размисли за организирање референдум за нејзината иднина и самоопределување и дека БиХ сепак нема да биде ништо друго освен фиктивна држава, каква што била од секогаш.

Време е да ја признаеме реалноста. Америка ќе остане на митот за единствена БиХ, но време е лидерите на БиХ да преземат поинаков курс, особено лидерите на Република Српска да размислат за организирање референдум, рече Мејер.

Во видео обраќање на форумот „Република Српска пред нови предизвици“ , организиран од Претставништвото на Република Српска во Белград, тој рече дека референдумот ќе понуди опции – без разлика дали населението на Српска ја поддржува независноста, интеграцијата со Србија или опстанокот на Српска во рамките на БИХ.

Мејер оцени дека Балканот во моментов ја доживува најголемата напнатост од војните во 90-тите години на минатиот век, што е последица на комбинацијата на многу лоши западни политики, особено од САД, неможноста да се надминат етничките прашања и неуспехот на раководствата во многу земји во регионот.

Кога станува збор за Србија, Мејер верува дека Соединетите држави ќе продолжат да бараат признавање на Косово, исто како што ќе продолжат да и се спротивставуваат на Република Српска и да се залагаат за обединета БиХ, бидејќи за Америка не е важно дали луѓето што живеат во неа сакаат единствена земја.

Позицијата на САД кон БиХ е дека таа треба да биде обединета држава, потоа дека Србија мора да ја признае независноста на Косово и ќе се спротивставуваат на врските на Србија со Русија и Кина – рече Мејер.

Мејер проценува дека Балканот нема да биде главен приоритет за време на мандатот на новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, но тој потсетува дека главната политика на САД кон регионот нема да се промени и дека станува збор најмногу за американските интереси.

Затоа Вашингтон ќе продолжи да ги форсира интеграциите во НАТО и ЕУ, ќе нинсистира Балканот да биде што подалеку од Русија, Кина или Иран и дека ќе биде позаинтересиран за Русија и Кина, вели Мејер.

Тој наведува дека САД сега се поделени повеќе од кога било и дека никогаш не го надминале крајот на Студената војна, за разлика од Русија.

Članak indeksiran 03.03.2021. Zadnji put osvježen 03.03.2021.

Ocijenjeno u analizi